НАСТАВНИЧКИ СОВЕТ

     ПОЧЕТНА

 

 

Вработени
Правилник
Куќен ред
ИКТ во наставата
Нашиот патронат
Посебни денови
Фото галерија
Уметничка галерија
Проекти
Секции
Ученички активности
Наставнички совет
Совет на родители
Ние веруваме во...
Наставни програми
Почетна

 

НАСТАВНИЧКИ СОВЕТ

     

   НАСТАВНИЧКИ   СОВЕТ

              Наставничкиот совет  е  највисок  стручен орган  кој  води  грижа  за целокупната воспитно- образовна  работа во училиштето. Членови на Наставничкиот совет се сите вработени наставници. Со него раководи  директорот на училиштето.

              Тој е иницијатор на осовременување на наставниот процес, затоа се залага за примена на иновациите во наставата како и  примена на активни методи форми и средства  кои го подобруваат квалитетот на наставата.

               Како највисок стручен орган се ангажира во остварувањето на  задачите што произлегуваат од  општата програмска структура. Една од тие задачи секако е следењето и  подобрувањето на квалитетот на наставниот процес, како и следењето на слободните ученички активности, ученички организации, јавна и културна дејност, грижа за здравјето на учениците и друго.

               Наставничките совети  секогаш биле збогатувани со најразлични теми и содржини кои биле во интерес на унапредувањето на наставниот процес.

                Секако значајно место на нашите наставнички совети  биле реализациите на постигнатите успеси и поведението на учениците на тримесечието, полугодието и крајот на учебната година. Од направената анализа се согледува моменталната состојба  на успехот и поведението  на учениците и се бараат соодветни форми , методи и средства за нивно подобрување . Следејки го успехот и поведението на учениците дава предлози за нивно наградување како и опоменување врз основа на  Правилник .

                  На Наставнички совет исто така се реализираа содржини поврзани со целите на делување според развојниот план како: реализација на додатната и дополнителната настава  и слободните активности, работа на создавање на позитивна клима во училиштето, усогласување на критериумот за оценување и вреднување на ученичките знаења и друго.

                  За време на 40 год. постоење и работа на учлиштето  низ Наставничкиот совет  минале повеке членови кои дале свој особен придонес  во унапредувањето на воспитно- образовниот процес  Голем број од нив дале свој придонес на полето на теоријата ,практиката, науката и учебникарството.

 

 

  ПОЧЕТНА

[Вработени] [Правилник] [Куќен ред] [ИКТ во наставата] [Нашиот патронат] [Посебни денови] [Фото галерија] [Уметничка галерија] [Проекти] [Секции] [Ученички активности] [Наставнички совет] [Совет на родители] [Ние веруваме во...] [Наставни програми] [Почетна]