|
|
П Р А В И Л Н И К за изрекување педагошки мерки на учениците
Со оценката по поведение е опфатен односот на ученикот во образовниот процес, почитување на обврските во основното училиште и заедницата на паралелката, односот кон соучениците, учелишниот имот и други вредности. Поведението на учениците се оценува со: примерно, добро и незадоволително. За ученици кои не ги извршуваат должностите и ги повредуваат правилата на воспитно - образовната работа во училиштето се предвидени педагошки мерки.
член 1 Со примерно поведение се оценува ученик кој: редовно ја посетува наставата, покажува позитивни резултати во учењето, го почитува кодексот на однесување на учениците, нема повеќе од 3 неоправдани отсуства од наставата (доцнење). Со добро поведение се оценува ученик кој: нередовно посетува настава и има направено од 16 до 20 неоправдани отсуства од час, има направено други повреди на должностите по укор од Оделенски совет и директор. Со незадоволително поведение се оценува ученик кој: нередовно посетува настава и има направено од 20 до 25 неоправдани отсуства од час, има направено потешки повреди на должностите и изречена педагошка мерка од Наставнички совет или директор.
член 2 Учениците од училиштето кои се истакнуваат со својата работа и поведение можат да бидат пофалени и наградени.
член 3 Пофалбите и наградите се доделуваат на ученик, група ученици, ученичка секција, екипа и паралелка во текот и на крајот на учебната година.
член 4 Ученикот се пофалува и наградува за: залагање и напредување во наставата, залагање и постигнат успех во слободните ученички активности (натпревари, ликовни, литературни и други наградни конкурси, изложби, лични творби и сл.), примерно поведение, позитивно однесување (развивање другарство, помагање на други ученици, почитување на наставниците, вработените во училиштето и редовност во извршувањето на обврските), залагање и придонес во разновидни активности во училиштето и локалната средина (производствени, хуманитарни, културни идр.).
член 5 Пофалби и награди се доделуваат на: паралелка која посебно се истакнува со успех, поведение и редовност во извршувањето на училишните обврски, група, секција или екипа која постигнала особени резултати (прво, второ или трето место и сл.) на натпевари, паралелка, група или секција која постигнала најдобри резултати во одредена активност организирана во училиштето и надвор од него (производствена, хуманитарна, културна и сл.).
член 6 Предлог за пофалби и награди дава оделенскиот наставник, предметниот наставник и училишната комисија а одлука донесува Одделенскиот односно Наставничкиот совет.
член 7 Пофалбите се доделуваат усно и писмено. Писмена пофалба се дава во вид на дипломи, пофалници и признанија. Наградите се даваат во вид на одредени вредности што одговараат на нивната педагошка намена: книги, билети за филмски, театарски и друг вид културно - уметнички и спортски приредби, ученички прибор и сл.
член 8 Пофалувањето и наградувањето се врши на свечен начин во текот и на крајот од учебната година.
член 9 Педагошки мерки во основното училиште се применуваат кон ученици кои ги прекршуваат правилата на училишниот живот, а со цел да се постигне чуство на одговорност и спречување на негативни појави.
член 10 Педагошките мерки се применуваат индивидуално и се темелат на објективност, одмереност, праведност и педагошка одговорност. Педагошките мерки се изрекуваат индивидуално за секој ученик со претходно проучување на околностите кои довеле до потреба за нивно изрекување. Пред изрекување на педагошките мерки претходи разговор со ученикот и родителот или старателот. Разговорот го води оделенскиот наставник, раководителот на паралелката, предметниот наставник, стручните работници а по потреба директорот.
член 11 За учениците кои ги прекршуваат правилата на училиштето се применуваат педагошки мерки: усна и писмена опомена - изрекува раководителот на паралелката,, укор (неодобрување на постапка) изрекува раководителот на паралелката, Оделенскиот совет, Наставничкиот совет и директорот, намалување на поведение - Оделенски совет, Наставнички совет и директор, преместување на ученик во друга паралелка - Оделенски совет, Наставнички совет и директор, преместување во друго училиште - Наставнички совет и директор.
член 12 Педагошка мерка усна и писмена опомена се применува за ученици кои: нередовно посетуваат настава, се однесуваат недолично и неодговорно кон соучениците, наставниците и другите вработени во училиштето, не го почитуваат кодексот на училиштето, ја оневозможуваат наставата со своето однесување и надвор од него го нарушуваат угледот на училиштето.
член 13 Педагошка мерка преместување на ученикот во друга паралелка се применува за ученици кои: направиле повеќекратно повторување на повредите од овој правилник, направиле над 20 неоправдани отсуства од час.
член 14 Педагошка мерка преместување на ученикот во друго училиште се применува за потешки повреди на правилата на училиштето: намерно уништување на училишниот имот, загрозување и повредување на личноста на ученикот, наставниците, вработените во училиштето и други лица надвор од училиштето, повторување на повредите од член 13, внесување и употреба на алкохол, дрога и опојни средства, направени над 30 неоправдани отсуства од час.
член 15 Изречената педагошка мерка детално се образложува со цел истата наполно да е разбирлива за ученикот кон кој се применува. За изречената педагошка мерка се известува родителот (старателот) на ученикот. За изречените педагошки мерки од член 11 точка 3 до 6 од овој правилник, се поднесува приговор во рок од 7 дена од денот на известување. Приговорот се поднесува до Училишниот одбор кој може педагошката мерка да ја потврди, измени или укине. Одлуката по приговорот е конечна.
член 16 Изречените педагошки мерки се евидентираат во соодветна педагошка документација.
член 17 Педагошките мерки од член 11 точка 1 до 4 од овој правилник важат до крајот на учебната година во која се изрешени. Кога ќе настанат позитивни промени кај ученикот, изречената педагошка мерка намалување на поведението се повлекува.
член 18 Секој изостанок на ученикот од настава или други ученички обврски, ученикот мора да ги оправда. Оправдувањето може да го даде родител, старател или лекар. Родителите (старателите) се должни при секое отсуство на ученикот да го известат оделенскиот раководител истиот ден, а по завршување на отсуството во рок од 3 дена до раководителот на паралелката да достават писмен документ за отсуството.
член 19 Отсуство на учениците од оправдани причини ги оправдува оделенскиот раководител. Отсуство од еден час по добиено мислење од предметниот наставник го одобрува оделенскиот раководител. Отсуство од настава до 3 дена го одобрува оделенскиот раководител. Отсуство на ученик од настава во траење од 4 до 10 дена одобрува директорот на училиштето, а над 10 дена Наставничкиот совет на училиштето по доставено барање од родителот (старателот) за неопходноста од изостанувањето.
член 20 За неоправдано отсуство од настава на ученикот му се изрекуваат педагошките мерки: до 5 часа, усна опомена од оделенскиот раководител, од 6 до 10 часа, писмена опомена од оделенски раководител, од 11 до 15 часа, Укор од оделенскиот совет, Наставнички совет и директор, од 16 до 20 часа, намалување на поведениот на добро поведение, од страна на Оделенскиот совет, од 20 до 25 часа, намалување на поведението на незадоволително, од страна на Наставничкиот совет и директорот, од 26 до 30 часа, преместување на ученикот во друга паралелка во училиштето, од страна на Наставничкиот совет и директорот, над 30 часа, преместување на ученикот во друго училиште, од страна на Наставничкиот совет.
|
|