|
|
денот кога ја започнуваме новата учебна година!
Новогодишен хепенинг! (види слики) На овој ден, кој се одр`ува околу 20ти декември, нашето училиште организира продажба на ученички изработки. Главен организатор на овој хепенинг е Советот на родители, во координација со директорот на училиштето и сите одделенски раководители. Собраните средства најчесто одат во хуманитарни цели, како што беше и последниот Новогодишен хепенинг, кога најголем дел од собраните средства беше дониран за операција на срце на едно 5-годишно дете. На овој ден, во нашето училиште традиционално се одвиваат активности за уредување на училишната средина, како што е чистење на училниците, чистење на училишниот двор, раскопување и посадување садници и цвекиња. (види слики)
Ова е најважниот и најголемиот ден за нашето училиште, а посебно оваа година, кога прославуваме 40 години од постоењето на училиштето. Подготовките за секој наш патронат траат и по неколку месеци, а традиционално, за секој патронат се организира литературно читање во училиштето, на кое читање секогаш гостуваат и познати поети од нашата земја, се организираат разни спортски активности, турнири и натпревари, ликовен конкурс и натпревар, а задолжителна е и приредба во која учествуваат најголемиот број од учениците. (види слики) Наградени литературни творби за 2004 год.
На овој ден, кој се одр`ува околу 20ти декември, нашето училиште организира продажба на ученички изработки. Главен организатор на овој хепенинг е Советот на родители, во координација со директорот на училиштето и сите одделенски раководители. Собраните средства најчесто се користат за купување на надгледни средства, за наградување на ученици кои дале посебен придонес за афирмацијата на нашето училиште, или пак за хуманитарни цели. (види слики)
-Крај на учебната година!
|
|