НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ

     ПОЧЕТНА

 

 

Вработени
Правилник
Куќен ред
ИКТ во наставата
Нашиот патронат
Посебни денови
Фото галерија
Уметничка галерија
Проекти
Секции
Ученички активности
Наставнички совет
Совет на родители
Ние веруваме во...
Наставни програми
Почетна

 

 

bullet ПОЕЗИЈА 1-4 ОДД.
bullet ПОЕЗИЈА 5-8 ОДД.

ПРВА НАГРАДА-БРАНИМИР ЗЕЛЕНКОВ, 8А ОДД.

Рака за рака да го обиколиме светот

        Да се биде млад, според некои е можеби и најголемата привилегија која еволутивниот развој му ја дарува на едно човечко битие. Токму на возраст сме кога почнуваме да размислуваме и да се прашуваме во кој правец ќе ни оди животот. Во моментот кога излегуваме од светот на бајките и приказните, прво сознание е реалноста што не опкружува. Денес, за жал, тоа се нашите први разочарувања. Болно е како секојдневно слушаш преку средствата за јавно информирање или разговорите меѓу постарите-како светот доживува една тешка лекција од поновата историја.

        Па, каде тогаш секој од нас ќе ѓи остварува своите желби и идеали? Како тогаш секој од нас ќе ја планира својата иднина? Кој тоа ни го краде и гази достоинството? Има ли виновници за толку човечки несреќи? Прашања многу, одговори нема.

       Животот е скала по која треба да се искачуваш само нагоре без при тоа никого да не турнеш-ме воспитуваат моите родители.

       Да, навистина животот е дар од природата кој секој човек го добива само еднаш. Токму затоа права мудрост е како најубаво и најквалитетно да се одживее.

       Јас верувам во човекот како поданик на животот и уверен сум дека тој може да создаде свет во кој луѓето ќе се сакаат, всадувајќи во своите срца љубов која со својата моќ пленува и облагородува. Сонувам да мојата земја, нејзините соседи и сите земји во светот, станат оаза на стабилноста. Не ги сакам солзите во очите на мајките или плачот во нивните срца за животот и иднината на сопствените чеда.

      Мала е разликата помеѓу среќата и несреќата, љубовта и омразата, смеата и плачот. Нив ги дели само еден единствен збор, човекољубие, чувство што на секој човек му дава големина, широчина, вредност. Ако луѓето се сакаат меѓусебно, животот ќе е поедноставен, светот ќе е посреќен. Ќе нема војни, омрази и освети, а луѓето ќе живеат во свет полн со доверба и пријателство. Кога тие ќе ги преплетат своите нишки, тогаш се трајни и нераскинливи. Нив не ги руши ниту силата на поединецот, ниту силата на општеството. Сврзуваат личности, држави, светови и притоа ги бришат границите на оддалеченост, вера и обоеност на луѓето. Под својот свод ги прибираат само искрените и чесните.

        На тој пат чекорам и јас, чекори мојата генерација, чекориме сите ние. Само сите заедно може да создадеме свет полн со љубов.

А таму каде што царува љубовта, царува и среќата.

 

ВТОРА НАГРАДА-МИА ТРИПУНОВА, 8А одд.

Рака за рака да го обиколиме светот

          Седам сама и гледам една театарска претстава... Во неа елемент од сцената, расправии, низа тешкотии и се нови и нови случувања...Всушност, го гледам нашиот живот, во кој ние, актерите, тврдоглаво се стремиме да се одвива според нашето сценарио. Да ја достигнеме нашата, од претходно осмислена кулминација, врвот на нашите цели и желби....

           Чекорејки по таа огромна калдрма, патот до врвот, не ретко се сопнуваме и сме принудени да го ставиме прстот на чело, па да размислиме дали е ова она вистинското за кое мечтаеме?! Дали сме праведни затоа што се претводиме од бојата на кожата? Дали е во ред тоа што го омаловажуваш актерот поради тоа што има потемна боја на кожата и покоси очи од твоите? Тоа што располага со помалку материјални средства не значи дека е неспособен да си ја одигра својата улога на сцената, старата и поткината облека не е огледало на неговата душа, во која немо ги затскрива сите свои студени погледи, со кои ти бесрамно го исмејуваш и несвесно му нанесуваш огромна болка...Тоа што имаш топол дом и мајчина прегратка, наместо да те вообрази, нека те направи поголем човек...

           Големината на човекот не се пратставува со големиот бриј на дворци и палати, туку со она духовно богатство со кое располага. Желбата да ги проширува своите познанства и способноста да ги одгледува најсовршените човекови особини, го прават човекот попочитуван и поуспешен во средината.

             Млад актеру, разбери дека и ти си исто што и другите, па затоа, дружи се, сакај и почитувај! Љубовта е како капка роса што се јавува во раната зора...но, зората полека зазорува и ти несебично ја подаруваш својата љубов, па веќе во наредниот момент се чувствуваш некако поинаку.... Поисполнето и посреќно. Па затоа, не жали ги убавите зборови, кажувај им ги на сите црни, жолти и бели....

              Љубовта и хуманоста ке бидат твојот животе компас, кој ќе ти го покажува вистинскиот пат по кој ти треба смело да зачекориш. Чекори храбро и верувај во себе, зошто само така ке влезеш во еден подобар свет.... Можеби си збунет, но соочи се со вистината-ова не е светот на совршените, ова е само ЕДЕН МАЛ СВЕТ во кој живеат ГОЛЕМИТЕ луѓе.... Луѓето кои грешат, но знаат и да простуваат.... Луѓе кои меѓусебно се почитуваат и во дадена ситуација се подготвени да си пружат рака и да си помогнат...

             Ако го пронајдеш овој пат, ти млад актеру, ке сфатиш дека мирот е оној кој ги сплотува народите... Доколку зачекориш во тој МАЛ СВЕТ, задоволно ке го дочекаш и крајот на драмата. Ќе ја напуштиш сцената, но вечно ке останеш зад кулисите, од каде љубопитно ке ги надгледуваш актерите и нивната изведба во идните театарски претстави.

 

ТРЕТА НАГРАДА

ТРАЈКОВСКА БОЈАНА, 5Б одд. и ЈАНЕВА МАЈА, 5В одд.

Трајковска Бојана  

 Јан Амос Коменски-татко на современото образование

 

Јан Амос Коменски

татко на педагогијата

ти благодариме што работеше и пишуваше

за нас децата и иднината.

Со твоите книги ги научи возрасните

како да се однесуваат кон децата,

како да ги воспитуваат и образуваат

и добри граѓани да стануваат.

Не научи нас младите да ги следиме часовите со внимание,

да вежбаме, повторуваме и успеси да постигнуваме.

Да ги сакаме наставниците чија професија е возвишена и чесна,

и со нивна помош, наставата да ни е успешна и лесна.

Според тебе, треба да равиваме мудрост, одмереност, смиреност,

љубов, послушност и добронамерност.

Љубов кон постарите и вистината,

љубов кон работата и иднината.

Рече-судбината на човештвото зависи

од образованието и воспитанието на младите генерации,

а за тоа се задолжени воспитувачите, родителите,

педагозите, новинарите, писателите.

Среќна сум што училиштето мое

го носи гордо името твое.

 

Јанева Маја

Рака за рака-да го обиколиме светот

 

Ајде сите црни, жолти и бели, да бидеме среќни, смели и весели.

Со книгата да летаме и во светот да шетаме.

Да се држиме рака за рака, бидејки така повеќе се сака.

Да другаруваме со сите, за убаво да ни мината дните.

Ајде сите љубов да даруваме и сите војни во светот да ги смируваме.

Во целиот свет да има мир и голема небесна шир.

Во сонот на нашите бајки, што ни ги кажуваат нашите мајки,

сите заедно да летаме и рака за рака светот да го прошетаме.

Книгата љубов ни пружи, но и со другарчиња не здружи.

Рака за рака да го обиколиме целиот свет, дури подобро од птичјиот лет.

bullet ПОЕЗИЈА 1-4 ОДД.
bullet ПОЕЗИЈА 5-8 ОДД.

       

  ПОЧЕТНА

[Вработени] [Правилник] [Куќен ред] [ИКТ во наставата] [Нашиот патронат] [Посебни денови] [Фото галерија] [Уметничка галерија] [Проекти] [Секции] [Ученички активности] [Наставнички совет] [Совет на родители] [Ние веруваме во...] [Наставни програми] [Почетна]