|
|
СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ Родителите се наши партнери
Повеке од една деценија во училиштето како орган постои Советот на родители. Него го сочинуваат родители на ученици од секоја паралелка како и наставници од секоја генерација по еден. Советот работи по Правилник изготвен од страна на членовите. Родителите се еден интегрален дел на училиштето, тие помагаат во целокупната работа на училиштето како и во релизацијата на годишната програма. Тие се вклучени во процесот на позитивните промени кои се случуваат во нашето училиште . Откако во училиштето започна да се реализира проектот Активна настава - интерактивно учење соработката со родителите се продлабочи со цел за поуспешна реализација на проектот. Родителите се почесто се присутни во училниците заедно со наставниците и учениците. Учествуваат во организацијата на отворени денови и часови, во реализацијата на проектите, вклучени се како гости - предавачи на најразновидни теми, учествуваат во најразлични акции за одржување на училишниот двор , хуманитарни акции и др. Советот на родители во последниве години особено се активира на повеке полиња во училиштето. Од особена важност е да се напомене дека на Советот на родители беше организирано предавање ,, Со мултимедијална едукација кон здрави животни стилови,, а истото предавање потоа Советот го организираше за учениците и родителите од 8мо одд. 7мо. 6то. како и за одделенска настава. Ова предавање беше од голема важност за едукацијата на родителите и учениците за заштита од најголемото зло на денешницата - дрогата. Исто така родителите го подржуваат и активно се вклучија во проектот ,, Инклузија на деца со посебни потреби,,. Заеднички разрешуваме одредени проблеми и појави поврзани со учениците кои имаат посебни потреби во училиштето , а исто така и во составот на училишниот тим имаме вклучено родители кои стручно ни помагаат. Со нивна организација и средства беше направена рампа за ученик -инвалид како полесно би доагал до својата училница. Се надеваме и понатаму ке имаме плодна и успешна соработка со родителите на ова поле. Не би можеле а да не ги истакнеме Велигденскиот и Новогодишниот Хепенинг кои беа организирани од страна на Советот на родители. Родителите заедно со учениците и наставниците изработуваа разни украси, рачни изработки, уметнички слики и др.кои беа продавани на денот на Хепенингот. Собраните средства Советот одлучуваше каде да бидат наменети. Со дел од средствата беше награден еден ученик (посебно надарен за математика) при што му беше овозможено да се надоградува во математичката школа во Охрид. Учениците од 8б одд. своите средства ги дадоа во хуманитарни цели ,исто така дел од средствата беа потошени за опремување на училиштето со посовремени нагледни средства и др. Во изминативе десет години претседатели на Советот на родители беа: Василка Чапова, Бранко Рабаџиски, Валентин Матевски, Весела Чурилова и Виолета Матевска. На крај би сакале на сите родители кои биле членови на Советот на родители или од било какви причини соработувале и дале свој придонес во училиштето да им се заблагодариме со надеж дека и во иднина ке имаме успешна и плодна соработка.
|
|