ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ

     ПОЧЕТНА

 

 

Вработени
Правилник
Куќен ред
ИКТ во наставата
Нашиот патронат
Посебни денови
Фото галерија
Уметничка галерија
Проекти
Секции
Ученички активности
Наставнички совет
Совет на родители
Ние веруваме во...
Наставни програми
Почетна

 

ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ

bulletОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ
bullet ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ
bullet ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД ОБУКИ
bullet ПРВА ОБУКА
bullet ВТОРА ОБУКА

Користење на ИКТ во наставата по информатика

Во изминатиот период условите кои училиштето можеше да ги понуди за реализација на наставата по информатика, не дозволуваа таа да се движи и да напредува паралелно со развојот на светската компјутерска технологија. Затоа, наставата мораше да биде прилагодена на условите кои ги имавме во училиштето.

Со вклучувањето во проектот ИНФОРМАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО НАСТАВАТА ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ, училиштето доби и соодветна опрема за реализација на овој проект. Тоа меѓу другото, претставуваше 24-часа бесплатна интернет конекција од страна на МТ-Нет, која во многу нешта го промени изгледот и текот на часовите по информатика. Имено наставата по информатика во седмо одделение се изведува на блок часови. Тоа дава можност интернет како сервис да се вклучи на сите типови на наставен час - за стекнување нови знаења, за повторување и утврдување итн.

Наставата по информатика дава можност и за комбинирање на наставниот час со други наставни предмети, така што учениците се ставени во состојба да истражуваат, да бараат податоци, а потоа со помош на алатките од информатиката истите тие информации да ги презентираат во текстуален формат, табеларно, со помош на графикон или во вид на презентација.

На тој начин учениците освен наставната единица по информатика - да уредат текст, да направат некоја пресметка, табеларно да прикажат некои информации, тие учат и како да се изразуваат,  на најлесен начин да го решат проблемот, да испланираат и реализираат еден проект и тоа да го образложат пред поширок аудиториум и што е најважно тоа за нив да претставува забава. Пр. Учениците од нашето училиште изработија табеларен приказ на успехот по ученици и по одделенија, во тек е планирање и изработка на web site за училиштето и сл.

Понекогаш темите на интересирање се општи, за нив интересни податоци, како што се биографски податоци на музички групи и сл., со цел да се задржи вниманието и интересот, но потоа следуваат податоци поврзани со науката кои се бараат на потполно ист начин кој е веќе усвоен од страна на учениците. Така успехот и задоволството се заеднички. Со привилегиите кои ги нуди интернет мрежата, учениците стекнуваат особини кои се од животно значење начин на работа и учење кое поттикнува на размислување. Податоците повеќе не се предмет на меморирање, туку на пронаоѓање, разликата е и во начинот и во суштината на учењето.

Користење на ИКТ во наставата по другите предмети.

Кога зборуваме за наставата во основните училишта како клучен фактор треба да се спомне подготвеноста на наставникот како за реализирање на наставата така и за прифаќање на новитети во реализирањето на истата.

Природата на ИКТ е таква што постојат многу разлики во можностите за нејзиното имплементирање како од предметот, така и од стручноста, односно знаењето на наставникот за нејзина реализација.

Во нашето училиште неколку наставници со одредени предзнаења веќе почнаа да ја применуваат ИКТ во наставата. Имено, наставата по англиски јазик повеќекратно е изведувана во кабинетот по информатика, каде учениците решаваат задачи On line,бараат, пронаоѓаат и селектираат информации и податоци,  што за нив е особено задоволство и забава проследена со учење. Наставничката во својата порака до е-групата самата кажа дека подготовката била подолга, но нејзината работа на часот била едноставно да ги координира учениците, а тоа е основна карактеристика на современата настава.

Исто така ИКТ беше исползувана и на часовите по физика, на кои учениците пронајдоа нов начин да ги прошират своите знаења од областа на електрицитетот, различни од лабораториските вежби, потоа бараа информации за основите на оваа наука и луѓето кои дале особен придонес таа да биде тоа што е. И она што е најважно, тие не беа натрупани со книги, енцикопедии, не изгубија чсови за да дојдат до сите тие информации.  Наставникот единствено ги даде насоките, а потоа учениците самостојно работеа. На тој начин тие добиваат способност изворите на знаење да ги бараат и на други места освен во своите учебници и тоа да го прават на еден нов поинтересен начин. Наставникот е во улога на насочувач и организатор на наставата а учениците на самостојни реализатори.

bulletОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ
bullet ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ
bullet ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД ОБУКИ
bullet ПРВА ОБУКА
bullet ВТОРА ОБУКА

  ПОЧЕТНА

[Вработени] [Правилник] [Куќен ред] [ИКТ во наставата] [Нашиот патронат] [Посебни денови] [Фото галерија] [Уметничка галерија] [Проекти] [Секции] [Ученички активности] [Наставнички совет] [Совет на родители] [Ние веруваме во...] [Наставни програми] [Почетна]