СЕКЦИИ 1 - 4

     ПОЧЕТНА

 

 

Вработени
Правилник
Куќен ред
ИКТ во наставата
Нашиот патронат
Посебни денови
Фото галерија
Уметничка галерија
Проекти
Секции
Ученички активности
Наставнички совет
Совет на родители
Ние веруваме во...
Наставни програми
Почетна

 

 

bulletОД 1 - 4
bulletОД 5 - 8
bullet 

 РИТМИЧКО-БАЛЕТСКА СЕКЦИЈА

 

Играта, чекорите и движењата по дадена песна и музика, не носат во еден свет на задоволство, среќа и убавина.

               Во склоп на слободните ученички активности, во нашето училиште со постојан континуитет работи РИТМИЧКО БАЛЕТСКАТА СЕКЦИЈА.Голем број на ученици низ изминативе години од прво до осмо одделение, земале учество во оваа секција,во која со особена желба, афинитети и љубов придонеле за создавањето на извонредни балетски точки.Балетските точки првично беа наменети за одбележување на патрониот празник на училиштето, а потоа и за надвор од него.Секако, дека за успешноста на точките изведени од учениците, придонеле и наставниците, кои ја воделе и сеуште ја водат оваа секција:Лилјана Андонова,Зорка Ристова,Ирена Пантова, Ирена Неделковска, Сузана Цветанова.

                Заедничките максимални заложби на учениците и наставниците придонеле да бидеме дел од разни свечени приредби и манифестации за одбележување на тековни настани во нашиот град, како:

bullet

Општински натпревари на ниво на град Скопје

bullet

настапи во Општина Карпош

bullet

настапи во Месната Заедница Тафталиџе

bullet

забележан настап на Правниот Факултет

                Додека ги гледаме насмеаните ведри детски лица, кои се слеваат со нивната игра, за момент забораваме на се она што не опкружува во секојдневието, а истовремено не оттргнува од грижите и обврските кои постојано не следат.

          ДЕТСКА  ОРГАНИЗАЦИЈА

                 Секое дете има право на љубов, нега, почитување, образование во средината во која што расте, се развива, образува и воспитува.

                 Детската организација во нашето училиште, својата активност ја остварува во слободното време на учениците.Програмската содржина на работата на Детската организација го опфаќа сите елементи на основните одредби на правата на детето. Успешноста на Детската организација е поткрепена и од соработката со проектот Граѓанско образование, во која се застапени битни елементи кои влијаат врз правата и правилниот психички развој на децата (другарство, одговорност, авторитет, приватност, солидарност) .

                  Секоја година по повод Детската недела во месец октомври, училиштето организира прием на првачиња во Детската организација проследена со пригодна програма во која учествуваат нивните постари другарчиња. Со давање на свечената заклетва првачињата стануваат членови на Детската организација на училиштето И Детската организација на Република Македонија.

                   Во Детската организација од прво до седмо одделение, кои имаат свои претставници од секоја паралелка. Претставниците и нивните членови активно учествуваат во организирање: изложби, литературни читања, спортски натпревари, излети, посета на театри, музеи, кино претстави и соработка со Детските организации на другите училишта.

                   За успешната работа на Детската организација нашето училиште се закити со повеќе признанија и пофалници.

      Претседател: Емилија Пап

           членови: Дијана Стефковска

          Грозданка Кажлева

 

  Математичка секција како и литературната секција,

опфаќа голем број на ученици.

Членовите на оваа секција имаат можност со примена на стекнатите знаења на часовите по математика да решаваат проблемски ситуации од секојдневниот живот,задачи од различни математички збирки и списанието ,,Нумерус,,.Во оваа секција се опфатени ученици од 1во до 4то одделение,кои сакаат да го прошират знаењата од математиката и да ја развиваат својтат логика.

Учениците кои членуваат во оваа секција активно учествувале на повеќе натпревари на кои се освоени голем број награди со што се докажува нејзиниот долгогодишен интерес и љубов кон матаматиката.

  Ликовна секција

Цртежот и сликата уште од најрана возраст на детето претставува израз на неговата фантазија и креативост.За оваа цел во ликовната секција на нашето училиште која постои од постоењето на истото,ја негува,наградува и збогатува учениковата креативна мисла, изразена во спектарот на боите,движењето на линиите и моќта на тактилната перцепција.

Со особено задоволство голем број ученици од 1во до 4то одд. се членови на оваа секција која активно учествува на ликовни изложби и конкурси.Добиени се многубројни награди и пофалници на републичко  меѓународно  ниво што се доказ за нејзина активна и креативна работа.

Мало хорче

Како што убавиот збор е израз на нашата мисла,цртежот на детската фантазија така и песната е моќно средство за развивање и креирење на детската душа.Во малото хорче, учениците од 2ро до 4то одд.го негуваат својот  глас, ја развиваат хорската песна и слободно музички се изразуваат.Тоа постои од 1984/85 год. по иницијатива на одделенските наставници и интерес на учениците.Постојано е присутно на сите училишни приредби, кое со своите настапи придонесува за поттикнување на ведиот дух и расположението на публиката и учесниците.

bulletОД 1 - 4
bulletОД 5 - 8

 

  ПОЧЕТНА

[Вработени] [Правилник] [Куќен ред] [ИКТ во наставата] [Нашиот патронат] [Посебни денови] [Фото галерија] [Уметничка галерија] [Проекти] [Секции] [Ученички активности] [Наставнички совет] [Совет на родители] [Ние веруваме во...] [Наставни програми] [Почетна]