ПРВА ОБУКА

     ПОЧЕТНА

 

 

Вработени
Правилник
Куќен ред
ИКТ во наставата
Нашиот патронат
Посебни денови
Фото галерија
Уметничка галерија
Проекти
Секции
Ученички активности
Наставнички совет
Совет на родители
Ние веруваме во...
Наставни програми
Почетна

 

bulletОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ
bullet ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ
bullet ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД ОБУКИ
bullet ПРВА ОБУКА
bullet ВТОРА ОБУКА

 

ИНФОРМАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

        ВО    О.У.ЈАН АМОС КОМЕНСКИ-СКОПЈЕ  

СКОПЈЕ, 23-26.06.2003 ГОДИНА

Во организација на Здружението на граѓани Свест во периодот од 5.02-8.02.2003 во Центарот за далечинско учење при Електро техничкиот факултет во Скопје се одржа првиот семинар за обука на наставници во рамки на прооектот  “Информациска технологија во образованието“.

Ние, наставниците кои учествувавме на семинарот имавме за цел истата таа обука да ја пренесеме и на нашите колеги во нашето училиште и поради одредени и оправдани причини нашиот план беше тоа да се направи во периодот по завршувањето на учебната година, односно, после врачувањето на свидетелствата.

Се покажа дека терминот иако беше малку подоцна, беше доста ефективен, бидејки скоро сите наставници-колеги беа присутни и што е најважно, на обуката доаѓаа одморени и концентрирани. Обуката траеше 4 дена, од понеделник 23.06.2003 година, до четврток 26.06.2003 година, во времетраење од 8-12 часот.

Обуката се одвиваше на две места во нашето училиште: презентациите беа изведувани на проектор во наставничката канцеларија, каде што се одвиваше и практичниот дел за наставниците од предметна настава, на 4 компјутери, додека практичниот дел за колегите од одделенска настава се одвиваше во кабинетот по информатика, каде на располагање имаа 5 компјутера. Сите 9 компјутера имаа постојана интернет врска.

Неопходно е да се потенцира дека наидовме на огромен интерес кај колегите и на огромна ангажираност и соработка како од наша, така и од нивна страна. Како тим на координатори во нашето училиште, сметаме дека обуката која ја спроведовме во нашето училиште, со цел да се најде што поголема примена на ИКТ во наставниот процес е на доста завидно ниво, и дека сме повеќе од задоволни.

Учесници на семинарот беа 12 наставници од предметна настава и 16 наставници од одделенска настава. Меѓу предметните натставници имаше 2 наставници по македонски јазик, 1 по англиски јазик, 1 по германски јазик, 3 по математика, 2 по историја, 1 по ОТП, 1 по физичко и 1 наставник по ликовно образование.Групата според својот состав во поглед на предзнаењата за познавање со работа на компјутер беше хетерогена. Скоро сите колеги учествувале на семинарите за Активна настава- интерактивно учење организирани од Бирото за развој на образованието.  

Предавачи на семинарот беа членовите на тимот на координатори од нашето училиште: Анита Штерјоска и Дијана Ханџиска, професори по информатика, Катерина Митевска-професор по англиски јазик, Весна Кочовска-професор по македонски јазик и Марија Јошева-одделенски наставник.

Цели на обуката:

За првата обука беа поставени следните цели:

bullet

Учесниците да развиваат базична свесност и разбирање на теориите на активна настава и учење и учењето преку проекти и како тие теории да се применуваат во наставата

bullet

Учесниците да развиваат базично разбирање за тоа како да се применуваат новите приоди на настава и учење со информациско комуникациска технологија за да кај учениците се обезбедат повеќе ефективни и применливи искуства

bullet

Учесниците да го унапредат планирањето на часови со активности за примена на активни методи и учење преку проекти со интегрирање на информациско комуникациска технологија во наставната пракса

bullet

Учесниците да планираат стартегии за ширење на стекнатото знаење на другите наставници

 

Теми на семинарот

Во текот на семинарот беа обработени следните теми:

bullet

Воведување во семинарот и информатичките и комуникациските технологии во наставниот процес

bullet

Активна настава - активно учење и практи вежби за работа на компјутер (општо за компјутери, работа на дискета, со ЦД - РОМ, пишување текст на латиница и кирилица, работа со документи, папки, дискови, снимање, отворање на снимен доцумент)

bullet

Учење преку на проекти и практични вежби за работа со компјутер (работа со табели)

bullet

ИКТ во образование и практични вежби за работа на компјутер (работа со интернет, отворање на е-маил адреси и пребарување на Интернет, правење на презентации)

Евалуација на семинарот

Обуката се реализираше на тој начин што обработувањето на теоретските темите се одвиваше паралелно и интегрирано со оспособувањето на учесниците за работа на компјутери. Темите најнапред теоретски се обработуваа, се одредуваше нивото на предзнаењата на учесниците на одредените теми, добиваа работни задачи од темата а потоа се запознаваа со одредени програми за работа на  компјутери и работните задачи ги завршуваа користејќи компјутери. На крај секогаш активностите се презентираа преку проектор. Учесниците работеа во групи и најчесто тие се формираа според потребите или според предметно подрачје.

Три недели пред почетокот на обуката, членовите на нашиот тим ги поделија и одредија своите активности во текот на обуката, така што секој од нас, членовите на тимот беше задолжен за своја презентација во текот на денот, како вовед во активноста која следува. Анита Штерјоска беше задолжена да го даде воведот во ИКТ, Дијана Ханџиска го презентираше практичниот дел што се однесува на компјутерите, Весна Кочовска изврши презентација за активна настава-активно учење и ИКТ, Марија Јошева имаше презентација на тема: Учење преку проекти, а Катерина Митевска презентираше за Интернет, што е тоа, како и зошто да се применува во наставата.

Обуката, поделена по денови и активности, изгледаше вака:

Понеделник 23.06.2003

1.а. Воведување во семинарот и информатичките и комуникациските технологии во наставниот процесс-Активна настава и активно учење                        

На почетокот од обуката, наставниците беа запознати со основните информации за програмата Информациска технологија во образованието - со основната идеја, со целите и задачите на програмата.

Беа истакнати очекуваните крајни  резултати од реализацијата на програмата:

Создавање на ресурси ( креирање на веб страни) по одредени наставни предмети и веб страна на училиштето,  со цел меѓучилишно разменување и со можност на поширок пристап до ресурсите за наставници во државата

б)  Изработка на проекти базирани на учење и колаборативни проекти од страна на учениците под менторство на предметните наставници

Развивање на ефикасна соработка помеѓу наставниците и учениците од училиштата на национално и меѓунационално ниво.

Употреба на ИКТ во училница и за време на час.

Тоа беше запознавање со улогата и значајноста на информациските и комуникациските технологии во наставниот процес ( училница во врска, Интернет како информациски ресурс, Интернет како средство за реформи во образованието, Интернет технологии). Овој дел беше презентиран од страна на Анита Штерјоска, наставник по информатика.

1.б. Активна настава и активно учење

Главнaта задача на темата беше да се подигне свесноста и разбирањето на базичните идеи на активната настава и учење и користење на приоди на активната настава со ИКТ. Беше извршена презентација од страна на Весна Кочовска, наставник по македонски јазик.

Наставниците во текот напрезентацијата:

bullet

Се запозана со основните принципи на активната настава и учење

bullet

Се запознаа со приемри и модели за ефективна примена на активни методи

bullet

Се оспособуваа за поширока примена на методи и стратегии на активно учење

bullet

Развиваа планови за примена на активна настава и учење

Најнапред се работеше на разјаснување што преставува активното учење. Беше разгледувано прашањето зошто е важно активното учење. Се отвори дискусија за тоа какви карактеристики ( знаења, вештини, способности) сакаме да поседува ученикот после завршување на осумгодишното школување. Потоа се работеше на активноста какви индивидуи сакаме да подготвиме за светот утре, за иднината. Врз основа на наброените примери беше направен избор на карактеристики кои ги овозможува активната настава и карактеристики кои ги овозможува традиционалната настава. Следните причини беа наведени за важноста на активното учење: поголемо ангажирање на учениците со критичко мислење и повисоки нивои на учење - анализа, синтеза и проценка на информации; поголема мотивираност на учениците и постигањата на учениците се со поголеми проименливи знаења. 

Наредна активност беше за тоа како може активното учење да најде поширока примена во наставната. Најпрво се направи согледување на моменталната состојба во училиштата во поглед на примената на активната настава и одредување на нивото на примена. Проценката се правеше во однос на петте аспекти од наставниот процес: изглед на училница, улога на наставниците, улога на ученикот, атмосфера во училницата, следење на постигнувањата на учениците и тоа со одердување на степенот на скала од 1-10, каде што 1 е најниска вредност на проценката а 10 највисока. Нареден чекор беше изнаоѓање начини за подигнување на нивото за примена на активното учење во наставата во поглед на наведените главни аспекти. Учесниците беа поделени во групи и секоја група работеше на еден аспект.

Пред да започнат да работат на задачата, учесниците беа запознати со најосновните елементи за работа со компјутери: работа на дискета, со ЦД - РОМ, пишување текст на латиница и кирилица, работа со документи, папки, дискови, снимање, отворање на снимен документ. Оваа презентација за работа со компјутер ја направи Дијана Ханџиска, наставник по информатика.

Како финален продукт од оваа активност беше изработен план за подигнување нивото за примена на активното учење во наставната пракса напишан во њорд. На крајот од активноста преставници на групите ги презентираа плановите. 

Вторник 24.06.2003

      Учење преку проекти

Главната задача на темата беше кај учесниците да се подигне свесноста и разбирањето на учењето преку проекти и користење на приодот  учењето преку проекти со ИКТ.

Учесниците во текот на активноста:

bullet

Се запознаа со основните принципи на учењето преку проекти

bullet

Дискутираа за примери за ефикасно користење на учење преку проекти

bullet

Развиваа планови за примена на учење преку проекти во нивната наставна пракса

За да се открие какви се досегашните искуства на учесниците за примена на учењето преку проекти во нивната наставна пракса најнапред со учесниците се поведе разговор за тоа колку често се приемнуваат проекти во нивната наставна пракса, примери за проекти што се работат и беа истакнати предности и слабости за учење преку проекти. Учесниците беа запознати со тоа што преставува учењето преку проекти, зошто да се применува учењето преку проекти, за улогата на ученикот и наставникот при учење преку проекти,  за чекорите на успешно планирање на проектите.

Учесниците работеа на задача да подготват план за успешно реализирање на проекти според шесте чекори за планирање на проекти. Формирани беа групи според предметни подрачја.

Во делот од работа со компјутери учесниците беа запознати со работа со табели во word,

Финален продукт од оваа активност беа изработени планови за примена на проекти во наставна пракса. Плановите на проектите беа подготвени во њорд.

Презентацијата за Учењето преку проекти и припадна на Марија Јошева, одделенски наставник, а презентацијата за работа со табели во word на Дијана Ханџиска, наставник по информатика.

Среда 25.06.2003

      Информациска комуникациска технологија во образование

Главна задача на активностите од оваа тема беше запознавање на различни ИКТ алатки и како тие може да се користат во наставата и учењето.

Учесниците беа запознати со работа на интернет и пребарување на Интернет. Прво беше изведена презентација за тоа што е всушност интернет, како тој функционира, кои се основните поими поврзани за зборот интернет, како можеме и зошто да го применуваме интернет во наставата. Беше даден приказ на пребарување на интернет, на англиски и македонски јазик, беа прикажани веб страници кои се корисни за наставниците и наставата која тие ја изведуваат, веб страници со готови наставни планови за час. Активноста за овој ден беше наставниците да изработат еден план за час со примена на интернет, но пред да започне активноста, тие можеа слободно да пребаруваат на интернет. Наставниците работеа во групи, поделени според предметни подрачја.

Финален продукт на оваа активност беше пребарување на веб страни и изработка на план за час на одредена тема. Групите потоа ги презентираа своите часови.

Презентацијата за интернет и приказот на пребарување по интернет беше извршено од страна на Катерина Митевска, наставник по англиски јазик.

  26.06.2003-четврток

     Работа со интернет-отварање на е-маил, работа со Power Point

Во последниот ден беа зацртани следните задачи:

bullet

Секој да отвори своја е-маил адреса

bullet

Да се научи праќање на порака со атачмент

bullet

Да се пребарува интернет за конкретни информации

bullet

Да се научи да се работи со Power Point

bullet

Да се изврши евалуација на обуката

bullet

Да се дадат насоки за добра организација за користење на Интернет училницата во училиштата

           Прво, наставниците беа на кратко запознати со поимот електронска пошта и како таа функционира. Практично, со помош на проекторот им беше прикажано како се отвара е-маил адреса, како се праќа порака и атачмент. Им беше презентирано како се работи во Power Point и како се изработува едно слајд шоу.

            Финален продукт од овој ден беше: секој имаше отворено своја е-маил адреса и беше изработена и презентирана активност по групи во Power Point на тема: Како ние после овие 4 дена гледаме на: Интернет, ИКТ во активната настава и активното учење, учење преку проекти и за тоа како ние, наставниците можеме да ја унапредиме наставата со помош на ИКТ.

             За презентацијата за електронска пошта и приказот на отварање на е-маил адреса, беше задолжена Катерина Митевска, наставник по англиски јазик.

5.   Евалуација на семинарот

На крајот од семинарот на наставниците им беше поделен финален прашалник за евалуација на семинарот.

bulletОБУКИ ЗА НАСТАВНИЦИ
bullet ИЗВЕШТАИ ОД ОБУКИ
bullet ПРЕЗЕНТАЦИИ ОД ОБУКИ
bullet ПРВА ОБУКА
bullet ВТОРА ОБУКА

 

 

  ПОЧЕТНА

[Вработени] [Правилник] [Куќен ред] [ИКТ во наставата] [Нашиот патронат] [Посебни денови] [Фото галерија] [Уметничка галерија] [Проекти] [Секции] [Ученички активности] [Наставнички совет] [Совет на родители] [Ние веруваме во...] [Наставни програми] [Почетна]