|
|
ПОДМЛАДОК НА ЦРВЕНИОТ КРСТ НА ОУ “ЈАН АМОС КОМЕНСКИ”
Хуманоста не познава граници, боја, држави и националности. Хуманоста е движечка сила на секој народ. Благодарение на хуманиот гест на Чешката Република се овозможи во овие 40 години многу генерации да се образуваат и воспитуваат во нашето училиште. Во овие 40 години во континуитет работи организацијата на Подмладокот на Црвениот Крст во нашето училиште. Во оваа општествена организација членуваат сите ученици од 1во до 8мо одделение. Највисок орган на ПЦК во училиштето е Годишното собрание, кое е составено од делегати кои се делегирани од сите одделенија. За нејзино успешно реализирање се формирани Извршен одбор и Надзорен одбор. Својата тековна работа Подмладокот на Црвен крст ја реализира и преку Годишната програма за работа поврзана со календарот на активности. Организацијата на ПЦК како хуманитарна, здравствено - социјална и воспитна организација придонесува за развивање на хуманоста, патриотизмот и желба за мир во светот. Успешно се реализираат и задачите од општествен интерес: “Недела и борба против ТБЦ”; “Недела на борба против алкохолизам, пушење и наркоманијата”; “Недела против сидата”; “Денот на гладните”; “Денот на крводарителството”; “Детската недела”; “Грижа на стари и изнемоштени лица” и др. Тоа е само еден мал дел од работата на ПЦК во овие 40 години за чии активности и упеси сведочат многубројните дипломи, пофалници и награди. Се гордееме што секоја година во нашата организација пристапуваат нови подмлаткари на Црвениот Крст кои го негуваат и продлабочуваат основното мото: “ДА СЕ ПОМОГНЕ, ДА СЕ БИДЕ ХУМАН И БЛАГОРОДЕН”.
|