|
|
ПЕДАГОШКО- ПСИХОЛОШКА СЛУЖБА ВО УЧИЛИШТЕТО
Педагог: Соња Димитровска Психолог: Елизабета Ивановиќ Повеке од две и пол децении во нашето училиште педагошката служба со успех ги извршува поставените воспитно- образовни задачи, воспитувајки ги младите генерации во духот и вредностите на своето време. За прв педагог во училиштето била назначена г-га Благородна Никодиновска. По нејзиното заминување како советник во Бирото за развој на Р. Македонија за педагог во училиштето е назначена г-гаМарија Хроват која цели 20 год.успешно ја водеше педагошката служба. Примената на современи начини и методи на различни проблеми од областа на воспитанието и образованието како и иновации во наставата се одлика на долгогодишната работа на педагошката служба во училиштето. Тенденциите на оваа служба се : - да се подигне воспитанието и образованието кај учениците на повисико ниво, да им помогнеме полесно и поквалитетно да преминат во повисоките одделенија како и во средното образование; -модернизација на наставниот процес во училиштето, со примена на современа технологија и постојано усовршување на наставниот кадар; -вклучување на родителите во процесот на учење на нивните деца и подобрување на условите во училиштето; -изградување на повисоки критериуми за оценување и објективно вреднување на трудот и знаењата на учениците. Педагошко- психолошката служба е активно вклучена во следниве проекти:
Преку овие проекти се унапредува и подобрува квалитетот на наставниот процес, стручно се усовршува наставниот кадар, се подобрува атмосферата во училницата , се зголемува мотивацијата за работа кај учениците , се поттикнува тимската и групната работа. Остварувањето на сите овие цели педагогот и психологот ги остваруваат со постојани контакти, соработка и комуникација со учениците наставниот кадар и родителите.
|