|
|
ИЗВАДОЦИ ОД ГОДИШНАТА ПРОГРАМА за воспитно-образовната работа на училиштето за учебната 2003/2004 година 1. Најопшти податоци за училиштето Основното училиште "Јан Амос Коменски" - Скопје, е сместено на улица “Варшавска“ бр.23 во населбата Тафталиџе 1, општина Карпош, изградено е по земјотресот во 1963 година како подарок од Чехословачка, а со работа започна во април 1964 година. Во него се школуваат ученици од 1-8 одделение воглавно опфатени од реонот на училиштето. Училиштето е составено од пет монтажни, лесонитни и дрвени бараки, независни и неповрзани една со друга и фискултурна сала, изградена подоцна Училиштето има простран двор , со зелени површини и дрвја. Застапени се најпотребните спортски терени, кои максимално се користат во наставата. Нив ги користат и младите од населбата. 3. Појдовни основи за планирање на дејноста, за изготвување на Годишната програма за работа на училиштето При изработка на Годишната програма за работа на училиштето, појдовни основи се: Законот за основно образование, План и програми за воспитно-образовната дејност на основното училиште, Основно образование - содржини и организација на воспитно-образовната дејност, Подзаконските акти за основно образование 4. Реализација на дејноста на училиштето во предходната учебна година Она што е карактеристично за ОУ ”Јан Амос Коменски” - Скопје, се промените што успешно започнаа да се реализираат во училиштето во насока на осовременување на наставата и демократизација на училиштето. Почнувајќи од 1995 година училиштето е меѓу првите неколку училишта што се вклучи во повеќе проекти како резултат на започнатите реформи во Република Македонија:
Еден од главните принципи врз основа на кој се градеше работата на училиштето во изминатата учебна година беше демократското раководење со мож-ност на учество на наставниците и вработените во донесувањето на одлуки. Заедничкото учество на наставниците во планирањето и креирањето на активностите беше значаен услов за постигнување на успешни резултати во реализацијата на планираното. Училиштето постави високи цели во поглед на стручното усовршување на наставниците. Беа организирани стручни состаноци и практични работилници во рамки на училиштето. Континуираната и интензивната обука придонесе до значителен напредок во поттикнување и мотивирање на професионалниот развој кај наставниците. Зајакната беше тимската работа. Посетувани беа и семинари во организација на Бирото за развој на образованието. 5. Приоритети и тежишни задачи за работа на училиштето При согледување на работата на училиштето и направените анализи на крајот на учебната година се констатира дека оценувањето на знаењата на учениците преставува проблем со кои што оваа учебна година ќе треба сериозно да се занимава со поставување на повисоки критериуми на знаење. Исто така се констатира дека и во оваа учебна година треба да се продолжи со развој на следните подрачја од животот на училиштето:
За успешно реализирање на програмските цели и задачи, и во оваа учебна година, посебно внимание ќе се посвети на планирањето на наставата и оценувањето на постигнатите резултати. Во таа насока, ќе бидат реа-лизирани следните конкретни задачи:
Известувањето за постигнатите резултати во наставата и во другите подрачја од дејноста ќе се врши во текот на втората недела од ноември, на полугодие, втората недела од април и на крајот од учебната година. Врз основа на податоците што ќе бидат прибрани со следењето на оценувањето, на крајот од првото полугодие, односно на крајот од годината, ќе биде изготвен детален Извештај со целосна анализа на планирањето, изведувањето на наставата и оценување на постигнатите резултати. Следење и вреднување на наставниците За успешно остварување на програмските цели и задачи, посебно внимание ќе се посвети на следењето и вреднувањето на реализацијата на воспитно-образовната работа. Во текот на учебната година ќе се следи:
Маја Старова, Директор
|