|
|
Програма за работа на директорот
Директорот како организатор и креатор на целокупната работа во учи-лиштето, во оваа учебна година своето внимание и ангажман ќе ги посвети на следните подрачја: 1. Организациони подготовки за почеток на учебната година (8ми и 9ти месец) 2. Професионален развој на училиштето и унапредување на наставата (8ми до 6ти месец) 3. Изготвување на годишна програма за работа на училиштето (8ми и 9ти мес.) 4. Организирање на наставниците за учество на стручно-педагошки семинари и организирање на интерни семинари (од 8ми до 5ти месец) 5. Насоки за изработка на годишни планови за работа по наставни подрачја и воннаставни активности ( 8ми и 9ти месец ) 6. Работа со стручните и други органи во училиштето (од 9ти до 6ти месец) 7. Работа на унапредување на атмосферата во училиштето 8. Административно-техничка работа во училиштето (8ми и 6ти месец) 9. Соработка со учениците и ученичките организации (од 9ти до 6ти месец) 10.Заложби за подобрување на материјалните и просторни услови за работа во училиштето. За оваа учебна година директорот ги предвидува следните задачи:
За оваа учебна година изработен е инструмент за следење на наставните часови, според наведените клучни моменти од наставниот процес како фокус на внимание.
Директорот е должен да реализира и други работни задачи, на пример:
При реализација на планот и програмата на директорот, ќе се почитуваат и сугестиите од Бирото за развој на образованието на Македонија.
|